Настани

Вело Птичарска Дружба - Европски денови на набљудување птици

Почитувани кружочки и останати ликови,
Преспанското Езеро изобилува со богат растителен и животински свет. Овој пат Кружокот во
соработка со Македонско Еколошко Друштво ве носи на една поинаква дружба со цел да ги
обележиме европските денови на набљудување на птиците преселници. Ќе имаме можност да набљудуваме птици
и да ги осознаваме нивните изгледи, движења и хабитати и сето тоа ќе го правиме на
велосипед. Ќе научиме што птиците сакаат и како да постапиме за да ги зачуваме нив и
нивните живеалишта.
За повеќе информации обратете се на: miltonkruzhok@gmail.com

← Назад кон архивата