Салаковски езера 2180 и Убава

Есента е време кога планината ги покажува сите свои бои.
Салаковските езера се две глацијални езера на планината Јакупица во Македонија кои се наоѓаат на 2180 мнв. На потполно иста висина како и Караниколички езера. Две езера кои се единствени и постојани на овој масив. Сместени се под врвот Убава. Врвот Убава е на височина од 2.355 мнв. Пола од патеката е низ шумски појас со есенски бои. Самата патека е добар тренинг за идните подвизи.
ПРОГРАМА:
- Поаѓање од пред пошта 2 на Железничка станица -Скопје во 06:00
- Со комбиња се упатуваме кон с.ЦрнВрв (1.292мнв)
- Искачувањето го започнување од селото по колски пат
- 1 група го искачува врвот Убава
- 2 група останува кај Салакови Езера
- Одмор за сите кај езерата
- Упатување кон комбињата во 14 часот
- Пристигнување во Скопје
ОПИС НА ТУРАТА:
- Турата е СРЕДНО / ТЕШКА и е за сите љубители на планината кои имаат качено по некоја планина ова лето.
- СРЕДНА до Езерата (релативна е мерката за планинари и за почетници)
- Средно/Тешка до Врвот Убава
- Од с.Црн Врв 1.292 м.н.в. имаме 3км или 45мин колскиот пат кој е низ шумски предел.
- Од напуштање до искачувањето на билото имаме уште 1 км
- Следат 3км по релативно рамен терен ни шумски појас.
- Од напуштање на шумата до Салакови езера имам 4км
- Од езерата до врвот има 1,5км во правец
- Вкупното искачување до езерата е 10,5км или 4 до 5 часа во зависност од времетраењето на попатните одмори
- Вкупното искачување до врвот Убава е 12км - 45 мин повеќе мерено од Салакови езера.
- Спуштањето е 3 - 3:30 часа
СОВЕТИ
- Сите кои тргнавте на планинарење овие неколку изминати акции, а се чуствувате појаки треба да пробате должина, дека тука висинското искачување е малку над 1100 метри.
- Вода попатно има ама е одалечена од патот на 3 мин. (1 извор)
- Разговарајте со ТИМОТ за целата акција и барајте совети.
- Можно е ако е сончев денот, попатно останување кај колибите (група, не поединци) и собирање кога ќе се враќаме назад сите.
ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
ЦЕНА за превоз е 400денари
- Пријавување најдоцна, до 26-Октомври. 14:00 часот или до ПОПОЛНУВАЊЕ на местата.
ПОПАТНО ЗАСТАНУВАЊЕ
- Драчево на клучката
ПРИЈАВУВАЊЕ КАЈ
Стефан ✆ 077/ 617 617
Дејан ✆ 071/ 212 808
ВОДИЧ НА АКЦИЈАТА
Дејан ✆ 071-212 808 - dejan@hiking.mk
УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.
*** СКВИЗ МЕ – од СРЕДА до ПЕТОК од 17:00 - 19:00 часот.
ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
- Разгазени планинарски чевли
- Капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен фактор.
- Облека која штити од ветер
ИСХРАНА :
- Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
- вода 2л
НАПОМЕНА :
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препре