Настани

Охрид ултра трејл маратон 2024

Ако се прашувате каде да појдете на планинска трка оваа доцна пролет, не барајте подалеку од Охрид Ултра-Треил® кон крајот на мај 2024 година. Со своите 4 трки нуди уникатно искуство во планинско трчање во Македонија, комбинирајќи тешки и лесни патеки, две недопрени езера и совладување високи и изложени планински масиви. Градот Охрид и Националниот парк Галичица ве очекуваат!

Ohrid Ultra-Trail® 100K која започнува и завршува во градот Охрид го обиколува Националниот парк Галичица преку неговите долни езерски патеки па се' до високите алпски ливади. Оваа исконска ултра-трка е изобилува со искачување и тоа 5000 метри позитивна и негативна надморска денивелација која е претежно концентрирана во средниот дел од должината. Очекувајте рани утрински сончеви зраци со заладувачки температури на највисоките делови на планината и незаборавни панорами кон Преспанското и Охридското Езеро одеднаш.

Оваа треил трка долга 65 километри со вкупно искачување од 3350 метри го носи името Галичица Ултра. Започнува од јужниот брег на Охридското Езеро - во иконскиот манастир Св. Наум од X век, кој е почивалиштето на Свети Наум. Тркачите тргнуваат по стрмни 20 километри во првата делница пред да ги совладаат повисоките карпести сртови на Галичица па до спуштањето по технички камењасти патеки до целта во центарот на Охрид.

Самотска Треил Маратон - 40K 2000D+/- е планинска трка со средно ниво на тежина. Експлозивни и стрмни почетни 8 километри ќе ве издигнат над Охридското и Преспанското Езеро каде погледот на проѕирните водни тела се распрснува во мозаикот од ридови, долини и рамнини... Патеката наменета за брзо трчање врви низ повисоките карпести сртови на Галичица пред да се спуштите до целта во центарот на градот Охрид.

Почетниците и тркачите кои сакаат кратки и брзи делници можат да уживаат во нашата најкратка патека ЛЕТНИЦА ТРЕИЛ - 22K 1100D+/-. Почнувајќи од селото Велгошти поминувате покрај прекрасниот речен кањон (следи по реката Летница) и се издигнувате горе до Висок Врв (1640 мнв), местото со најдобриот поглед над градот Охрид и Јабланица во далечината. Оттаму се спуштате низ една од најтехничките патеки на планината до брегот на езерото и целната линија.

На Охрид Ултра-Треил 2024 јубилејно ќе се одржи првото издание на трката GTOF Леко Треил 10K на чие учество ќе може да земат млади од 13 до 18 години. 

← Назад кон архивата