Ти вежбај за сијалиците да горат

Куќата JF-Kit дизајнирана од шпанската дизајн фирма Elii е експеримент на полето „домашен фитнес“ каде што иронично е претставена можната иднина на граѓаните каде за пополнување на нивните дневни енергетски потреби би требало да потпомагаат со физичка активност.

Секоја соба има посебно име кое соодветствува со станицата за вежбање која, теоретски, може да произведува енергија. Тука се „бирото за вежбање на рака“, „кујната за вртење“, и „зелената куќа – трицепс“.
Акронимот во името на куќата, JF значи Jane Fonda (Џејн Фонда) познатата актерка и фитнес инструкторка бидејќи таа била инспирација за овој модел на становништво преку нејзината изрека дека „идеален граѓанин е индивидуа која може да ги задоволи сите домашни енергетски побарувања преку нејзините телесни вежби“.






