Чорба од коприви


- 500г свежи коприви
- 1-2 лажици прашно
- 2 рендани моркови
- 1 млад кромид
- прстофат крупна морска сол
- бибер по желба
- маслоново масло
- кисело млеко, павлака или кефир (кој како си сака)
- вода
Пoдготовка
1. Се берат врвовите на копривите (најгорните 5-6 листови, се препорачува со ракавици).
2. Набабрената коприва по миењето се бланшира 5 минути во солена вода (ВАЖНО!), а потоа се цеди и се сецка.
3. Во тенџере се става масло, брашно, ренданите моркови и сецканиот кромид. Сите состојки се пропржуваат неколку минути, а потоа се додава и копривата.
4. Се пропржува и копривата некоја минута, а потоа се налева со вода и се зачинува.
5. Се вари 20тина минути.
6. Останатите зачини се по ваша желба и вкус.
7. Најчесто се служи со кисело млеко, а може и со павлака или со кефир.
