Маратонот кој произведуваше електрична енергија


На парискиот маратон оваа година, беше поставена електрична фарма од 176 гумени панели Pavegen на финиш линијата од стазата кои ги конвертираа последните уморни маратонски чекори во електрична енергија.
Иновацијата е на 27-годишниот Лоренс Кембал Кук и со секој чекор, панелот произведува 8 ват секунди, а на маратонот беа продуцирани вкупни 4,7 киловат часови. Произведената енергија има опција да се чува и нормално, да се искористи за било какви потреби на самиот град.