Вести

До каде е велосипедската ренесанса?

title=Копенхаген,

Овој април, Copenhagenize Design Co. го објави овогодинашниот извештајот за светските градови каде е најдобро да си велосипедист. Извештајот за 2011 година наиде на позитивни реакции бидејќи им послужи на светските метрополи во поправање на одредени грешки и правење на исправки кога станува збор за нивните еко-френдли граѓани.

Оваа година, повторно беа објавени индексите за да се види како тече велосипедската ренесанса на светско ниво. Доделувани беа од 0 до 4 поени низ 13 различни категории за секој град. Во категориите спаѓаа инфраструктура, велосипедска култура, урбано планирање, политика итн. Потоа се доделуваат и бонус поени за особено импресивни напори и резултати и се добива индексот за одреден град.

Амстердам и Копенхаген повторно беа доминантни и го заземаа првото и второто место на листата, но тука се и останатите европски метрополи како Берлин на осмо место, Даблин деветто, Барселона и Париз на 13тото.

Еве ги првите 14, а за повеќе клик тука

width=635

← Назад кон архивата