Пикантни јајца во тегла


- 15 јајца (во зависност од теглата)
- 500мл јаболков оцет
- 500мл вода
- 1 лажичка крупна морска сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 кесиче бибер во зрно
- 1 лажичка цимет
- 5-6 листови лорбер (дафинов лист)
- лути пиперчиња или буковец
Пoдготовка
1. Оцетот и водата со сите додатоци се доведуваат до точка на вриење, а потоа се тргаат малку настрана да оладат.
2. Варените јајца се лупат и нежно се редат во теглата.
3. Наредно се полеваат со малку разладената маринада.
4. Се конзумираат по 2-3 дена и се супер пикантни.
5. Ако не ги изедете сите, стојат и подолго време.


