Флора-фауна

Џогерска брадавица

 

Кожата на брадавицата или папилата со околниот ареол е тенка, нежна и чувствителна на подолготрајна иритација во комбинација со влагата или потта. Лабавите дресови произведени од неквалитетни и крути матерјали се честа причина за црвенило, болка и сувост на брадавиците па дури крварење и фисури или кожни пукнатини. Понатамошен несоодветен третман може да предизвика и воспалителни состојби со несакани компликации.

Основна превентивна мерка се соодветни компресивни дресови со квалитетни ткаенини исоодветна големина.

Препораките за користење на директна заштита на брадавиците се повеќе прифатливи. Најчесто се користат обични транспарентни фластери, цинк-оксидни ленти, вазелин или специјални самолепливи оклопи.

Појавата и на првичните симптоми е доволна причина за премачкување на брадавиците со антисептични маси како превенција од инфекции.

Дококлу почувствувате било какви иритации додека тренирате или рекреирате, реагирајте веднаш за да спречите поголеми компликации кој може да бидат навистина непријатни.

← Назад кон архивата