Флора-фауна

Има нешто повеќе за здраво срце!

width=635

Живеење на страна од галама
Звуците од сирени, гужва и непотребни пискотници и те како имаат врска со ризикот од мозочен удар. Резултатите од повеќе од 51.000 Данци покажуваат дека секое зголемување на галамата за 10 децибели, го зголемува ризикот од удар за 14 проценти. Кај постарите (над 65), за 27 проценти. Или Ен-Фа-Пен, или марш на село.

width=635

Спиење, тамам
Проаѓање во сон шест или помалку од шест часови на ден не е на арно. Оние кои имаат ваква навика (или пак проблем) имаат 48 проценти поголем ризик од инфаркт, и 15 повеќе за мозочен удар од оние кои си спијат по седум или осум часа на ден.

Е сега и за заспаните убавици. И над 9 часа сон не даваат убави резултати на доктор. Испитувањата покажуваат дека овој квантитет на сон дава 41 процент поголем ризик од срцеви заболувања.

width=635

Јадете боровинки
Докажано, со тапија. Една порција (некаде 140 грама) неделно го спречува качувањето на крвниот притисок за 10 посто.

width=635

Бидете внимателни со газираните
И тука се нашла некаква асоцијација, помеѓу пиењето на газирани сокови и срцев и мозочен удар, па затоа размислете.

width=635

Црно чоколадо
Сите оние кои се со слатко запче ќе се намрштат, ама тоа е. Еден ред црно чоколадо на неделно ниво дава 22 проценти помалку шанси за мозочен удар. Другите благодети кои ги нуди горкото чоколадо само ќе ги споменеме: намалување на воспалителни протеини, намалување на крвен притисок, превенција од запушување на крвните артерии итн. итн.

Изборот е ваш!

← Назад кон архивата