Вести

Најтешкиот натпревар, Меквани пишува за боксот

 

Жива легенда на двете страни од Атлантикот, британскиот спортски новинар Хју Меквани е најпознат по своите директни коментари од боксерскот ринг. Како што го опишуваат критичарите, “генијалноста на Мекани доаѓа од неговата способност да ги потенцира и прецизно да ги опише оние елементи од спортот кои содржат фундаментални вистини за човековата состојба.”

Прв пат објавена во 1983 година, оваа спортска класика е препечатена со додатоци од спортски коментари кои се случуваа во рингот во временски период од 30 години.

Оваа книга ги вклучува коментарите од безвременските натпревари како “The Rumble in the Jungle” (Фореман vs. Али, Заир, 1974) и “The Thriller in Manila” (Али vs. Фреизер, Филипини, 1975), како и од најзапаметените борби во кариерите на Мајк Тајсон, Евандер Холифилд, Ленокс Луис и други.

← Назад кон архивата