Флора-фауна

Едноставен, 5 минутен стрес вентил

width=635

Стресните состојби настануваат со активирање на симпатичкиот нервен систем кој ја превзема целата контрола во свои раце и не ни дозволува да се опуштиме и релаксираме. Проблемот со симпатикусот е тоа што тој лесно се активира и знае да остане „уклучен“ па дури и во моментите кога мислиме дека сме опуштени. 

Со ова тој го кочи активирањето на парасимпатикусот кој диктира одмор и релаксација.

Viparita Karani или „нозете на ѕидот“ е јога поза која е силен стимулатор на парасимпатичкиот систем. Сè што ви треба е ѕид и подлога (под или кревет) и пет минути од вашето време.

Наместете се во положбата, испружете ги нозете на ѕидот, раширете ги рацете и најдете ја најудобната положба која ви одговара. Опуштете ја мускулатурата и започнете длабоко да дишете. 

5 минути се доволни за да го релаксирате вашето тело.

← Назад кон архивата