Добрите страни на опасното


Од една страна луѓето сакаат да си ги олеснат животите, а од друга страна некако животот станува се покомплициран и поопасен… Нели треба да се замислиме и да се опуштиме малку, па оние непотребни работи да ги отфрлиме од нашите животи, а оние кои претставуваат потенцијална опасност да им ги претставиме на децата и да им дозволиме слободно да истражуваат?
На овој говор господинот објаснува дека децата не треба да се држат во стаклено звоно, бидејќи порано или подоцна ќе ги пресретне опасноста… Затоа, подобро е да бидат информирани на време, отколку да живеат во илузија.