Холестерол од жолчка? Да!


Од секогаш постоеле забуни и заблуди во врска со жолчките од јајцата, примарно со богатството на диетален холестерол кој главно е поврзан со некои лоши здравствени состојби, пред се` срцеви заболувања. Но новите испитувања кажуваат дека холестеролот од храна е сосема различно нешто од оној холестерол кој се мери во крвта.
Последните студии одекнаа со далеку поразличен став од она што досега се мислеше па така, консумирањето на јајца во глобала не го подигнува нивото на холестерол во крвта, напротив, дури и делува протективно врз кардиоваскуларниот систем со тоа што го подига нивото на „добриот”, ХДЛ холестерол.
Од друга страна, центарот на јајцето е богато со останати нутриционистички елементи кои се битни за целокупното здравје на човекот. Жолчката е еден од најбогатите извори на есенцијалниот нутрициенс од групата Б комплекс, холин кој е поврзан со подобра неуролошка функција и намалување на хроничната инфламација.
Тука се и мноштвото на каротеноиди како лутеин и зеаксантин како и високите дози на сулфур кои го чуваат видот.
Повеќе за тоа зошто шампионскиот појадок треба да содржи жолчки прочитајте ТУКА