Флора-фауна

Ролање со Ана-Blady

 

Тренингот започнува со лесни христијани, кои завршуваат со стречинг на левата и десната нога за размрдување на телото.

Се продолжува со чучечи христијани кои ги стимулираат како целите нозе, така и стомачните мускули со тоа што се допира левата нога со десната рака и обратно, за да се активираат страничните стомачни.

Во текот на возењето може повторно да се истегнат нозете, со целосно растегнување на левата и десната нога.

Истото се прави и со возење на назад. Се прават христијаните, со што се стимулираат задните мускули на нозете (листовите). И тука можете повторно да се растегнете.

Понатаму возењето продолжува со power skating, и нога преку нога или т.н. салатки.

Во текот на целото возење може да се внесат и некои стилски финеси кои ја прават вожњата поинтересна и нормално по возбудлива!

← Назад кон архивата