Повеќе диетални влакна, превенција за мозочен удар


Бројките, извлечени од осум опсервациони студии, покажаа дека зголемување на внесот на диетални влакна за само 7 грама повеќе на ден, го намалува ризикот од прв мозочен удар за 7 проценти.
Научниците велат дека и двата типови на диетални влакна, растворливите и нерастворливите во вода, учествуваат во намалување на ризикот од мозочен удар, но не се знае кои од нив е пополезен тип за превенирање на оваа состојба.
Според претходни студии, просечниот маж внесува 17, а жена 13 грама на диетални влакна на ден и со накачување на овие 7 грама, секој од нив би дошол во препорачаната граница за дневните потреби на овој нутрициенс.
А тоа и не е некоја невозможна мисија. Зборуваме за едноставно заменување на белиот со полнозрнест, интегрален леб и зголемување на овошјето и зеленчукот од една на две порции на ден.