Вести

Њујорк продолжува да цуца гигантски газирани сокови

width=635

Њујорчани ќе може на раат да продолжат да си шмукаат гигантски количини на растворени шеќери, бидејќи законот кој требаше да се донесе забрана за продавање на зашеќерени сокови од над пола литар падна на суд.

Законот се однесуваше за продавање на ваков тип на пијалаци во ресторани и фастфуд сендвичари кои продаваат готова храна.

Ова беше втората мерка која градоначалникот на Њујорк, Блумберг, кој сакаше да ја превземе, откако пропадна планот за оданочување на овие видови пијалоци. Огромните сода компании жестоко се бореа по судовите, а воедно беа поддржани и од огромна маса на приврзаници, така што на крај успеаа да издвојат победа.

← Назад кон архивата