Флора-фауна

Секој со своите причини за спорт

 

Подобро сконцентрирајте се на овие прашања бидејќи тие се од витално значење за вас и вашиот квалитет на живот, во правата смисла на зборот. Некои луѓе ги немаат ни основните предуслови, а сепак се трудат и постигнуваат успеси…

На видеото е прикажан американецот Стив Бел за рекламната кампања на Dick’s Sporting Goods, кој дефинитивно умее да инспирира со својата животна приказна.

Тој е роден со Муковисцидоза или попозната како Цистична Фиброза (ЦФ), која му е дијагностицирана уште како бебе на 3 месеци.

Сепак, состојбата на 29-годишниот Стив не го спречила да се занимава со спортови и трчање, кои воедно најмногу го исполнуваат.

Утринското трчање го оформило неговиот живот и покрај тешката процедура со која секојдневно се соочува, односно час и половина време кога прима над 50 апчиња и користи инхалатор.

Според Стив, главната причина зошто трча секој ден е бидејќи знае дека еден ден веќе нема да може да го прави тоа.

Затоа, здравите луѓе кои не се физички активни поради милион и една причина, треба да ги  ревидираат приоритетите и важноста на проблемите и да го направат одлучувачкиот чекор кон подобар живот.

Сега, која е вашата причина за спорт?

← Назад кон архивата