Вести

Гугл се смести и во патика

width=635

Овој експеримент на Гугл е наменет за да ја потенцира новата платформа за рекламирање наречена Уметност, Копија и Код (Art, Copy and Code), а не за комерцијална продажба. 

Односно, како што се изјасни Аман Говил за АБС во САД “Овие патики се создадени за да прикажат дека денес и објектите можат да раскажуваат приказни на веб”.

Значи, патиките можат да кажат дали и што прави (или не прави) газдата во моментот, а информацијата да се пренесе до неговиот смартфон преку комуникаторот кој се наоѓа во јазикот на патиката. 

width=635

Во патиката има мал компјутер, акцелерометар, сензор за притисок, жироскоп и Bluetooth.

Како и другите гаџети за фитнес, така и овој е наменет да собира информации за вашата активност и да ве предупредува кога не сте доволно активни. 

width=635

Ова е навистина новитет, но во време кога моќниот смартфон (кој е потребен да функционира патиката) е способен за многу работи, некако се губи поентата на патиката што зборува. Но поентата на Гугл е да демонстрираат дека и патиките можат да станат еден вид смартсникер и да функционираат како контраши на смартфоните. 

Според Говил, инаку главната адвертајзинг фаца на Гугл, преку податоците кои ги собира патиката, преведени со логички алгоритам, може да и се даде персоналитет.

Како и да звучи ова, сепак патика си е патика! Можеби некогаш подобро тивка, отколку дрдорка…

← Назад кон архивата