Вести

Маратонецот кој ќе го трча парламентарниот круг

width=635

Оваа недела беше објавено дека Весли Корир, шампионот на Бостон Маратон, е избран како претставник на изборната единица Черангани во кенискиот парламент. Корир на 30 години се кандидираше како независен кандидат, и ја доби битката со претходниот избраник Џошуа Кутуни.

Кениските политички аналитичари велат дека изборот на токму оваа спортска икона ќе игра огромна улога во политичката и социјалната сфера на земјата.

Минатата година, Корир го освои Бостон Маратон во несекојдневно жешките услови во New England, каде заврши со време од 2:12:40. Годинава, Весли се враќа да го одбрани првото место.

← Назад кон архивата