Анти бајпас диета


Еден од најдолгите научни тестови конечно докажа дека хранењето со Медитеранскиот тип на диета може да ги намали шансите за проблеми поврзани со срцето, особено срцеви удари кај постарата популација.
Петгодишната студија која опфати 7,500 Шпанци покажа дека оние кои консумирале Медитеранска диета секојдневно, особено маслиново масло и јатки имале 30% помалку шанси за било какви поголеми кардиоваскуларни проблеми од оние кои воделе „ниско-маслена„ диета, а всушност не воделе некаква сметка за тоа.
Овој тип на диета опфаќа јадење на повеќе овошје, риба, пилешко, легуминози (грав, грашок), доматен сос, салати и вино како и малку пекарски продукти.
Иако овој начин на исхрана отсекогаш се сметал за здрав за срцевата состојба, тоа никогаш досега не било докажано на ваков прецизен начин.
Докторите велат дека како прв чекор што би можел да се направи кон спречување на било која од овие состојби и заболувања е започнувањето на правилна диета. Тие велат дека во превентивни мерки диетата е подобра од лековите бидејќи таа нема никакви нус ефекти, а доколку е правилно и редовно консумирана таа може да функционира во спречувањето на болестите.