Вести

Не толку мрзлив аква скипер

width=620

Ние, aquaskipper-от, waterbird-от или како уште и да се вика за прв пат го видовме на Матка. Дојде типчето, заврте некој инбус и склопи една алуминиумска рамка за која врска немавме каква функција ќе има. Ама кога дознавме, беше прилично интересно. 

Овој вид на водно превозно средство користи за нас непозната скокачка физика која му овозможува да остане над вода, а како гориво ги користи вишоците на калории на маченикот кој скока над него. Целосно е еко расположен и прилично е забавен за цупкање на некое езерце или море. 

Погледнете две видеа за да видите за што се работи

← Назад кон архивата