Француски парадокс – ем кркаш ем не се дебелиш


Кардиоваскуларните заболувања во Франција се многу поретки од било каде, животниот век е долг и само 10% од возрасната популација има проблеми со прекумерната телесна тежина. Овие статистики никако не прилегаат наспроти надалеку прочуените гурмански навики и расположенија, слабата заинтересираност за физички активности и применување на било какви диети.
Кај Французите храната е дел од традицијата и во неа се ужива како во нешто свето , а оброкот е свечен момент. Кај Англосаксонците храната е само гориво што му дава сила на нашето тело и толку празна рутина без почит и уживање.
Французите уживаат во семејни трпези, дури 75% своите оброци ги приготвуваат во домашни услови и поминуваат 2-3 часа на трпеза, поделени во три оброци во доста регуларни тајминзи. Јадењето пред телевизор го сметаат за кршење на правилото за хранење. Храната ја консумираат секогаш бавно, со уживање и во неа и во друштвото. Кај Французите храната е секојдневен ритуал а не рутина!
Тие не се мераклии на брзата храна. Минималниот увоз на хранителни продукти е доказ за нивната традиционалност кон француската кујна која секако е нивна гордост. Тие уживаат во квалитетни производи, а не во комерцијални неквалитетни и несигурни артикли.
Лесно ќе заклучиме дека снобизмот со почитувањето на традицијата е ефикасно оружје во борба против вишокот на килограми. Секако, статистиката дека Француската порција се служи секогаш во помала количина за разлика од Американската е доволен податок за формулата квалитетно, а не квантитетно.
Консумирањето на квалитетни сирења, меса, тестенини во какви не облици и умерени количини на добро вино, пополека со љубов и добри пријатели е солидна мерка за стандардни броеви на вашите парчиња долна облека. Французинките секогаш се гледаат убави наспроти своите физички мани и имаат добри навики да се хранат квалитетно и добро.