Исхрана

Кралот на рибите свлечен на трпеза

width=635

Јадењето на лосос барем два пати неделно може слободно да ви го прати докторот на долг одмор. Здравствените полезности кои се добиваат од јадењето на оваа сочно-мрсна риба варираат од зајакнување на вашите мускули, намалување на шансите за бројни болести како и наметнување на поздрав и подолг живот.

Како придобиваат нашите мускули и ткива од месото од лосос?

Протеините од оваа риба се лесни за дигестија од страна на човековиот дигестивен систем и за разлика од други извори на протеини тие не содржат било какви канцерогени и штетни материи. Овие протеини ќе ви ги дадат сите потребни амино-киселини кои се важни за изградба на веќе тренираните мускули и ткива и ќе ве одржат во добра и фит форма. Другите нутрициенси кои што го зголемуваат човековото здравје се важните омега-3 масни киселини кои се битни за нашиот мозок и срце, витамините А, B и D, како и минералите калциум, железо, фосфор и селен.

Лосос за срцево здравје

Погоре споменатите омега -3 масни киселини помагаат во снижување на нивоата на LDL холестеролот во крвта. Првата работа која докторите ја препорачуваат по преживување на срцев удар е намалување на овие „лоши” липопротеински фракции како и целокупните нивоа на триглицериди, а месото од лосос не само што го прави ова туку и делува врз подигнување на нивоата на „добрите” HDL липопротеински фракции. Докажано е дека месото од оваа риба помага во репарацијата на срцевите мускулни влакна, а го намалува и крвниот притисок со што сè на сè делува протективно врз нашата животна пумпа.

Останати бенефиции од месото од лосос

Тоа го забрзува нашиот метаболизам и ја регулира апсорпцијата на шеќери со што може да ги намали нивоата на шеќер во крвта и да делува превентивно врз дијабетесот.

Омега-3 масните киселини делуваат превентивно во развивање на макуларна дегенерација (намалување на видот како резултат на стареење).

Селенот заедно со погорниве нутриционистички цареви делуваат позитивно врз нашата коса, вид и кожа.

Што сè нудат 115 грама на лосос?

Фул препорачана дневна доза за витамин D, пола препорачана дневна доза на витамин B12, нијацин и селен како и скоро 30 грама на протеини. Што повеќе би посакале?!

← Назад кон архивата