Пиколино

Детски спортски забави

width=635

На сите родители им е јасно дека децата имаат многу енергија која доколку не се канализира преку корисни активности може да премине во деструкција.

Затоа, подеднакво важно е покрај школските активности, каде децата со часови се врзани за столчето, да им се овозможат дополнителни активности преку спорт, забава и дружење кои освен што ќе ги изморат ќе допринесат и за нивна социјализација која е сè помала и претставува сè поголем проблем во модерниот свет.

На спортските детски забави можат да се вклучат подеднакво момчиња и девојчиња, на скоро сите возрасти.

width=635

Локацијата е флексибилна доколку обезбедува доволно простор за движење, така што забавата може да се организира во вашиот двор, во локалниот парк или пак во затворена сала. 

Можете да изберете од широката палета на активни и умствени игри во кои сите деца ќе уживаат без разлика на нивните можности и ниво на спремност. Исто така, може да си изберете спортска тема која ќе го одбележи настанот (како фудбал, одбојка, бадминтон или пак други интересни спортски игри). 

width=635

Забавите се изработуваат според интересите на децата, дозволувајќи им да си го изберат својот омилен спорт и/или игра. 

Спортови кои се забавни и соодветни за поголем број на деца се атлетика, кошарка, фудбал, одбојка, ракомет, бадминтон, пинг понг или групен фитнес. 

width=476

Па како би се одвивале овие забави?
На забавите се комбинираат забавни спортски активности со интересни рекреативни активности како што се трките во вреќа, трки со лажица и јајце, влечење јаже и многу други. 

width=570

Каква опрема е потребна?
Во зависност од тоа кој спорт или активност ќе се избере, потребни се топки, рекети, лажици, јајца, вреќи, чуњеви, музика и слично.

width=635

Бројот на деца е неограничен, но препорачливо е да има минимум 10 деца за забавата да има смисла.
Обично ваквите забави се најсоодветни за деца од 5 до 12 години.

Пожелно е на 15 деца да има барем по еден инструктор. 

Затоа, и покрај секојдневните активности и многу обврски, потрудете се за вашите деца да организирате што повеќе вакви забави, партиципирајте, тие ќе ви бидат благодарни како за квалитетно потрошеното време кое сте го одвоиле за нив, така и за забавата која сте им ја овозможиле.

← Назад кон архивата