Вести

Гугл Мапс ќе разработува уште скијачки центри

width=616

За Гугл, обработувањето на информации од скијачки резорти не е новина бидејќи во 2010 година на ЗОИ во Ванкувер беше лансирана Google’s Street View snowmobile која ја имаше првата улога на воајер низ скијачките падини.

Сега, Гугл ја проширува опцијата со додавање на нови 38 нови мапи и скијачки рути кои ќе бидат достапни на Гугл Мапс за уживателите на зимските спортови преку апликациите за Андроид и Ајфон.

Гугл планира да и понатаму да го шири бројот на опфатени скијачки центри со што ќе се мапираат сè повеќе скијачки рути и ски-лифтови на различни центри.

Еве детална листа на мапираните скијачки центри

← Назад кон архивата