Вести

Топката со која ќе се игра финалето на Лига на Шампиони 2013

width=635

Топката Адидас Вембли Финале е карактеристично дизајнирана во чест на 50 годишната историја во која бројни маестрални фудбалски финалиња на Европскиот куп и Лигата на Шампионите беа изиграни во „куќата на фудбалот”, Вембли.

Бројни славни финалиња беа изиграни на овој стадион. Од првиот финален дуел на Вембли во 1963 кога Милан ги победија Бенфика со 2-1, славните Манчестер Јунајтед во 1968, Ајакс 1971, Ливерпул во 1978, и Барса во 1992 и 2011, па затоа Адидас сакаа да направат нешто специјално за ова посебно фудбалско место.

width=635

Топката ќе биде со карактеристичниот Лига на Шампиони ѕвездест панел кои со години наназад ги красеше топките за големите натпреварувања, само што овој пат во ѕвездите ќе бидат присутни годината на првото Вембли финале, 1963 и нормално на овогодинашното.

Топката за прв пат ќе биде играна во нок-аут фазата од Лигата на Шампионите оваа година која стартува на 12 февруари оваа година.

Во продолжение…

title=Топката

title=Топката

← Назад кон архивата