Исхрана

Што ако ве легне грипот?!

width=635

Познавањето на разликата помеѓу настинката и грипот нема да ви донесе многу ќар бидејќи состојбата на грипот како и првата љубов никогаш не се забораваат. Чувството на голема телесна слабост, проследена со температура, мускулоболка, костоболка, кашлање, мрсулавење се основната некомплицирана и среќна варијанта.

Сите го знаеме терапевтското мени преполно со многу какви не медикаменти во високи дози и топли напивки…. стоп, стоп. Е тука барам мало внимание за голема препорака на добра напивка.

Ставете 3-4 лажичиња мед во еден литар ладна вода и потоа загревајте до вриење кое ќе трае 30 секунди. После неколку минути ставете чај по сопствен избор (нане,камилица, слез и др.) со што ќе направите прекрасен и благороден лек против грип.

Оваа напивка, пијте ја исклучиво во грипозни состојби (status griposus). Вака припремениот мед ги зголемува своите анти-оксидативни својства што во случајов е непријател на вирусниот натрапник. Чајот дополнително ја зголемува лековитоста, а ароматерапијата ви е гратис.

Препорачани количини, што повеќе тоа поубаво, за добра детоксикација и хидратација.

Секако дека љубовта со креветот сакале или не нема да ве одмине.

← Назад кон архивата