Вести

Луксуз под задникот на вашите деца

width=635

Санкава е произведена од Hublot, фирма за рачни часовници и разни други фенси елементи кои може да си ги дозволат богатите колекционери. Фирмата е сместена во Женева и е позната по ремек делата од часовници што ги прават. Ама тие сакале да остават некаков импакт врз снежните спортови, бидејќи се од Швајцарија, па ја склопиле оваа санка. 

Hublot имаат некоја нивна филозофија во дизајнирањето која си ја викаат “Art of Fusion” (уметност на спојување) што значи дека сè што дизајнираат е некако склопено максимално лудо и со cutting-edge материјали. 

Епа санкава ја напрвиле од некое специјално дрво, рачно шиена кожа за седло, држачите се од карбон, а кантот е нормално од челик. 

Пуштени се само 10 вакви санки, кои се во рацете на сериозни колекционери, па не можевме да добиеме точна цифра за цената на чинење (иако многу не интересираше). 

width=620

width=620

 

width=620

← Назад кон архивата