Спржете си поздрав омлет


Нема ништо подобро од топол омлет на студено зимско утро. Освен тоа тој е одличен извор на протеини кои ќе ви ја дадат потребната енергија за старт на денот. Но, ако не сте внимателни и имате некој магнет за мрсни работи, сабајлечкиот омлет може да претставува не толку здрав избор на вашето мени. Па затоа, повелете четири совети за тоа како да си припремите поздрав омлет.
1. Додадете јаболка! Може звучи неортодоксно и навидум страшно, а бабите ќе ве направат луди, но јаболката знаат добро да изиграат во оваа комбинација. Башка ќе ви дадат стартна доза на витамин C од сабајле. Ние ги пробавме, нема зошто да не ги пробате и Вие!
2. Додадете лосос! Збориме за веќе подготвен лосос што ви останал од вчерашниот ручек. Тој ќе делува на текстурата и вкусот, а богат е со огромни количини на здрави омега – 3 масти за разлика од сланината.
3. Олабавете со сирењето. Ако го направите ова ќе си го намалите вкупниот дневен внес на заситени масти со кои сирењата се преоптоварени. А, поздрави замени има многу меѓу кои и урдата!
4. Претерајте со зеленчук. Тука нема што да му ја мислите. Можете што сакате да ставите и сето тоа ќе биде здраво. Пробајте нешто нетрадиционално како домати, броколи, аспарагус, спанаќ, тиквички, кељ и морков, тоа навистина може добро да испадне.