Усеин Болт од Охрид на 74 години

Штом дознавме дека Миле Христовски е дојден да тренира, камерите си го завршија останатото.. http://youtu.be/7Vov2l6iUgs
Миле на своите 74 тренира редовно, член е на здружението на пензионери при Охрид и Дебрца и член на комисијата за спорт при ова здружение. Воедно тренер и натпреварувач за атлетската екипа на здружението кое 2 години по ред е на прво место во целокупен пласман. Миле бил професор по физичко во Охридската Гимназија 40 години а сега си ужива во пензионерско спринтерските години. Како и да гледаш, капата доле, за Миле.