Флора-фауна

Неколку јадења кои звучат здраво, но не се!

width=635

Интегрален леб

Термините како ‘ржан, полнозрнест и интегрален звучат здраво, но состојките кои се наведени може и да не се содржат во самиот продукт. Многу пекарски фирми им лепат наслови на лепчињата како ‘ржан, повеќезрнест ваков таков, но во реалноста тие се направени со најобично бело рафинирано брашно, па доколку мислите дека ги добивате потребните витамини и минерали од таков леб, сигурно се лажете.

Како да се осигурате? Прочитајте ја содржината внимателно. Доколку првиот тип на брашно кој е напишан е белото рафинирано брашно, тогаш бидете сигурни дека тоа е само голема маркетиншка измама.

width=635

Купечки салати

Не мора да значи ако јадењето спаѓа во поимот салата дека е здраво! Разните фабрички подготвени туна, пилешки и руски салати знаат да кријат огромни дози на масти и калории поради големите количини на мајонез кој се користи во нивната подготовка. Внимавајте и на ваквиот тип на домашно приготвени салати во однос на нивната калориска преоптовареност (поготово со славиве). 

width=635

Ниско – маслен путер од кикиритки

И оваа и регуларната верзија на путер од кикиритки се извор на многу калории па затоа треба да ги внесуваме со усул. Сепак, ниско – маслениот путер можеби содржи помалку масти, но сето тоа на сметка на повеќе шеќери. Кога на крај ќе погледнеш, помалку масти, а повеќе шеќери баш и не е поздрав избор. Башка мастите кои ги содржи путерот од кикиритки се здрави (незаситени) и нема потреба да го намалуваме нивниот внес се додека ги консумираме умерено.

width=635

Енергетски барови

Скоро секој од нас мисли дека енерџи баровите се перфектната ужина пред тренинг, но тоа не е секогаш така! Многу од овие колачиња се полни со фруктозен пченкарен сируп, рафинирани шеќери и заситени масти. Плус, многу од овие плочки во себе носат и по над 350 калории што е многу повеќе од потребните калории за тренинг. Затоа, избирајте умно и секогаш задржете се на содржината.

width=635

Смутис (Smoothies)

Многу од овие шејкови и пијалоци изгледаат здраво бидејќи се прават со разни овошја, бобинки и ниско-маслено млеко. Но, тука проблемот е во квантитетот (односно дрџнотијата на консументот). Бидејќи се служат во огромни порции (чаши) збогатени со шеќери, сладоледи и шербети тие претставуваат калорична бомба. Овие шејкови се одличен начин да си го започнете денот, но секогаш внимавајте со какви намирници ги припремате, а доколку ги пиете во кафе бар немој да бидете дрчни.

width=635

Вакумирано пилешко

Пилешкото месо е одличен извор на чист „обезмасен” протеин, но проблемот во вакуумираните фабрички пилешки филеа е во количината на солта што ја содржат. Обично сите се цицол солени, па затоа внимавајте колку консумирате.

width=635

Изотоници

Ако планирате да направите лесно тренингче по дома или џог во парк, баталете ги изотониците. Тие содржат важни електролити, но ви се потребни при напорни тренинзи и маратони, а не кога сакате само да се испотите и размрдате. Пијте си чиста вода, тоа е најдоброто средство за рехидратација. 

← Назад кон архивата