Флора-фауна

ФК Интер Милано (неделен микроциклус)

width=635

Неделен микро циклус во натпреварувачки период при одигрување на еден натпревар неделно
F.C. Internacionale Primavera Team
Фитнес тренер: Federico Pannoncini
– Сабота: првенствен натпревар
-Недела: играчите што играле 90 минути имаат одмор
Останатите играчи имаат тренинг со оптеретување идентично на натпревар

-Понеделник: 30 минути вежби за сила во фитнес сала и core stability (изометрија) без голем обем, 4 до 5 вежби
Потоа на терен техника и игра на два гола 5:5 на скратен простор (турнир)
-Вторник: тренинг со аеробен интензитет, некогаш со, некогаш без топка
-Среда: тренинг за сила и реакција без тегови, на терен брзина, посед на топка и игра на два гола
– Четврток: тактика и неколку вежби за core stability
-Петок: брзина, тонизација, анализа на противничката игра на терен, поставување на игра и против игра, увежбување прекини на игра
-Сабота: натпревар

← Назад кон архивата