Исхрана

Многу секси њоки

width=635

 
  • Њоки
  • Мали домати
  • Рукола
  • Маслинки
  • Моцарела
  • Босилок (сув или свеж)
  • Маслиново масло
  • Бибер
     

Потребно време за приготвување е околу 15 минути и се сервира топло, така да немојте да ги спремате пред да дојде он или она.

И кога ќе дојде идеме вака:

1. Њоките се купечки и се супер така да нема фрка околу нив, само одлепети ги една од друга за да не се зготват така залепени.

Ставете вода во длабок сад да зоврие и додајте сол (крупна морска).

2. Додека ја чекаме водата ги сецкаме малите домати на половинки. Маслинките на половинки и ја вадиме коската. Руколата ја миеме и моцарелата ја сецкаме на тенки кругови.

3. Кога водата е зовриена ги истураме њоките и ги вариме 2-3 минути или додека не испливаат на површина, никако подолго зашто ни треба обликот нели, не правиме чорба.

4. Ги цедиме од водата брзо и додека се топли во истиот сад им ги додаваме малите домати, маслинките, ја цепкаме руколата, додаваме малку босилок, сол и малку маслиново масло. Убаво го промешуваме и ја редиме моцарелата од горе.

5.Така поклопениот сад го вракаме на многу тивок оган усте 1-2 минути, колку да се растопи моцарелата и спремни сме.

Сервирајте топло со чаша вино и шармирајте.

width=635

 

← Назад кон архивата