Неколку совети за самомасажа

Пред да почнете, загрејте ги дланките

Очи – Доколку имате замор во очите и почуствувате непријатност, поставете ги прстите врз нив и задржете ги во таа положба 30 секунди, потоа со врвот на прстите масирајте ги очните капаци во насока од носот кон слепоочниците.

Глава – Доколку имате главоболка направете го следното, седнете и завземате удобна положба. Потоа со прстите на дланките правиме благ пртисок и со кружни движења и го масираме темето на главата.

Притиснете го вратот со дланките од двете страни, а потоа со кружни движења со помош на прстите масирајте го горниот дел на грбот кон предниот дел на телото. Оставете главата да биде опуштена без непотребно стегање.
Врат и раменски појас– Ако имате проблем со вкочанет врат или сакате да ги опуштите вашите рамења пробајте ги следниве зафати: со левата рака фатете го десното раме и со кружни движења масирајте го пределот од рамењата кон вратот. Потоа со истите движења масирајќи вратете се кон рамето и повторете го тоа неколку пати зголемувајќи го притисокот.

Кога ќе завршите со левата страна преминете на десната на истиот начин. После ова направете мала пауза, а потоа со вашата лева рака масирајте ја десната лопатка и обратно.

Масирајте го и вратот со двете раце од подножјето кон врвот на главата. Трудете се за време на оваа самомасажа да не притискате премногу силно да не предизвикате контраефект.

После овие движења станете и направете неколку лесни разгибувања на рамењата.
Раце– Со тупаница направена од едната дланка масирајте ја дланката на другата рака и обратно.

Истото тоа можете да го направите и со помош на палецот наместо со тупаница. Доколку во некој дел на дланката или прстите почуствувате болка на тоа место задржете се малку подолго.

И потоа измасирајте ја целата надлактица со кружни движења во двете насоки. Кога ќе завршите со самомасажата протресете ги рацете неколку пати и опуштете ги.