Вести

Форхенд мастер

Секој страсен тенисер (освен професионалците), се прашува дали техниката на изведување одреден удар е правилна или дали може да се спореди со онаа на професионалните играчи. За да нема многу прашања, неопходен е избор на адекватен тениски рекет и анализа на самата игра.

Dunlop Swing Labo е сензор кој одговара на секој тениски рекет, а негова работа е од научна перспектива да ги анализира податоците од играта. Сензорот се прицврстува на дното на рачката од рекетот, а се активира при удар на топчето.

Се анализираат брзината и правецот на ударот со цел да помогне при изборот на адекватниот рекет кој ќе донесе максимални перформанси во тениската игра.

width=600 

Како функционира Dunlop Swing Labo?
Корисникот удира пет тениски топчиња со форхенд, при што сензорот (прикачен на рачката од рекетот) ја мери брзината на ударот и правецот на движење на топчето.

Целиот процес се снима на камера, а потоа податоците компјутерски се анализираат. Врз основа на добиените податоци, сертифициран специјалист за рекети избира 4-5 соодветни модели за Вас со кои поединечно поминувате низ истиот процес. Од собраните податоци и анализа од страна на специјалистот за рекети, Ви се доделува најоптималнот рекет. 

Во ноември 2012 година, сензор-системот за прв пат беше презентиран во Јапонија, а потоа и пуштен во продажба.

width=600

← Назад кон архивата