Вести

Кој со една тој со две

Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ одново ја темпира својата форма за нови успеси во австриската базата Хинтертух откако заврши 14-ти на велеслаломот во Солден.

Ивица во пресрет на слалом трката во Левињ во еден од своите тренинг сесии тренираше само со една скија што за многумина и не е така лесно да го направат.

“Не тренираме често вака, но понекогаш е занимливо во склоп на тренингот на некоја не толку стрмна падина да потренираме и вака, чисто заради снаодливост и рамнотежа која е важна за скијањето”.  напиша Костелиќ 

Во видеото во продолжение можете да видите како тоа го прави Костелиќ кој очигледно очекува многу од новиот снег оваа година.  ВИДЕО

 

← Назад кон архивата