Перфектниот појадок

Калории
Слатки, а со малку калории. Една просечна банана поседува околу 105 калории.
Калиум
Како едно од овошјата со голема концентрација на калиум, бананата помага во намалување на крвниот притисок, превенира срцев удар, ги стимулира мускулите, нервите и мозокот.
Витамин C
Иако не е многу асоцирана со овој витамин таа сепак содржи извесни дози. Просечна
банана содржи околу 15% од дневните потреби на овој антиоксиданс.
Растворливи влакна
Регулирање на крвниот шеќер, намалување на холестеролот, превенција од срцеви заболувања, чир на желудникот и рак на бубрези, помош при слабеење и многу други бенефити се кријат зад растворливите диететски влакна.
Енергија
Најбрз можен појадок и перфектна замена за ужините преполни со прости шеќери како и одличен стимуланс за време на интензивен тренинг.
Масти и холестерол
И сето ова придружено со само 0,4g на масти и 0mg на холестерол.