Исхрана

Една чаша ќеиф

Кефирот претставува здрав млечен напиток сличен на јогуртот, но ферментиран со помош на кефирови зрна (некаде познати како кефирова габа). Овие зрнца се всушност голем број на пробиотски (здрави) бактериски и габични колонии кои симбиотски живеат на протеински и јагленохидратни честички.

Оваа комплексна мешавина на микроорганизми не само што му го дава освежителниот и остар вкус на кефирот туку таа е одговорна и за далеку побогатата пробиотска и здравствена магија што тој ја содржи во споредба со јогуртот. Имено, кефирот содржи 5 пати поголем број на пробиотски микроорганизми во споредба со јогуртот, а тоа значи 5 пати поздраво!

title=Кефирови

Најбројните бенефиции одат на сметка на нашите црева. Хемиските промени предизвикани од бактериските колонии го прават млекото полесно за дигестија, така што телото може да ги впие сите негови вредности.

Кефирот претставува перфектен лек за дигестивни проблеми. Малата големина на честичките на кефирот овозможува тие да бидат лесно нанесени на секој дел до дигестивниот тракт, односно да делуваат на голема површина. Бактериското богатство претставува одличен начин за збогатување на цревната флора кај лица кои се лекуваат од тешки болести и се на долготрајна антибиотска терапија.

Исто така, докажано е дека кефирот ја помага перисталтиката (ритмичната контракција) на цревата и делува како лаксатив со што ефикасно помага во третирањето на дијареја, стомачни болки, киселини, а исто така помага во функцијата на жолчното кесе.

Покрај бактериите важни за нашата цревна флора, кефирот претставува одличен извор на протеини, особено на аминокиселината Триптофан која во комбинација со големите количини на калциум и магнезиум ги релаксираат вашите нерви. Од витамините пак, тој е богат со B комплексот и ги содржи B1, B12, K како и биотинот (витамин H) кој е важен за апсорбирањето на фолната, пантотенската киселина и витаминот B12.

Чисто како солза и здраво како кефир, јас не гледам причина зошто и вие да не си приредите ќеиф за вашето тело.

← Назад кон архивата