Kамперски бајпас

Дали одите по риба или на лов, искачувате некој врв или само си лезетарите далеку од дома на чист воздух CampStove ќе се погрижи да се препуштите на уживањето и ќе ви ја пружи независноста од струјното стопанство. Оваа направа ќе ви помогне да си зготвите вкусен оброк и да ја наполните батеријата на вашиот телефон, GPS уред и останатите гаџети кој ги носите со вас како привезоци секаде и секогаш, а сето тоа со помош на малку гранчиња и дрвца.