Флора-фауна

Кога ќе споите сурфање и фудбал

Методите за обука во фудбалот претставуваат начини и постапки со кој можете рационално и на брз начин да стекнете и задржите одреден технички елемент од играта.

За да автоматизирате одредено движење треба да го изведувате и повторувате во долг временски период.

За движењата кој не се толку комплицирани треба да се направат од 3.000-5.000 повторувања да би се стигнало до автоматизација на тоа движење. За оние кој се комплицирани бројката скокнува на 10.000 повторувања.

SoccerWave е одлична направа во форма на бран погодна за индивидуални и групни тренинзи. Тежи само 10 кг што ја прави лесна за поместување и има висина од 90 см. Делува како бумеранг и ја враќа во висина претходно по земја насочената топката. Со неа полесно ќе умеете да ја совладате техниката на сопирање, прием, или удар на висока топката со гради, колено, стапало итн.

← Назад кон архивата