Цевката што живот значи

Доволно е да го поседувате ова парче опрема и можете од било каде да пиете вода, нормално доколку ја најдете. Бонус: може да најде примена и во недај боже елементарни непогоди.
Награден како најдобар изум во 2005 година од магазинот Time, LifeStraw претставува мал, лесен и компактен филтер идеален за кампери, рибари, ловџии и авантуристи кој ви дозволува да пиете вода од било кои загадени извори. Независно дали сте во природа или пак можеби погодени од некаква катастрофа Lifestraw ќе ви ја изгаси жедта заштитувајќи ве од многуте различни гнасотии што може да се најдат во водата. Тој ги отстранува буквално сите микроорганизми (E. Coli, Salmonella, Shigella, P. aurigenosa, V. choleraе, различни видови протозои и многу други) од течностите оставајќи ве со мирен стомак и во добра кондиција.