Кајакар на Килиманџаро

Ван Коверден летово го освои својот четврт олимписки медал. Додека повторно почне со напорните тренинзи, вели дека сака да се обиде во нови спортови.
“Дефинитвно останувам на веслата, но сакам и нови авантури. Колку и да е возбудливо кајакарството јас целам кон диверзификација на моето портфолио, значи сакам планини, велосипедизам, кампувања и сл. Физичката спремност нема да ми биде проблем, можеби само надморската височина”, вели Коверден.
Шестдневниот поход наречен “Маратон за кауза” започнува на 12 ноември а е во организација на програмата the Right to play Champions, која ги поддржува спортските професионалци во мисија за собирање пари за хуманитарни цели.
Килиманџаро се наоѓа во североисточна Танзанија во близина на кениската граница. Нејзиниот врв Ухуру има надморска височина 5892 метри.
