Asics со ново поколение

Новата верзија на патиките има две клучни промени, полесни се (машката верзија е полесна за 300 грама, а женската за близу 250 грама), и имаат редизајниран горен дел, кој дава поголема удобност. Предниот дел на патиката е покриен со мрежа која ги обвива двете страни на ногата и дава поголема удобност. Делот кај петата содржи два слоја мемори пена која обезбедува подобра амортизација.
Инаку, Gel Kayano 19 се дизајнирани патики за професионалните тркачи, а ќе бидат достапни за купување во специјализирани продавници од 1 ноември, и на светско ниво дури следната година, по цена од 150 американски долари.