„Лебди“ на BOSU

Ако сакате да извадите максимален ефект од секојдневното потење тогаш набавете си BOSU. Oсвен како подлога за силови вежби (скелкови, стомачни грбни и клекнувања) BOSU можете да го искористите во превенција и рехабилитација на повреди, во тренинг за рамнотежа и проприорецепција, за кардио, степ аеробик, зумба, јога и стречинг.
Заради непостојаноста на подлогата направена од гумен материјал во форма на полутопка и со можност за промена на внатрешниот притисок, BOSU дава можност таа да варира од повеќе до помалку нестабилна подлога. Може да се употребува од двете страни и варијациите во пракса се огромни.
Нејзината височина е околу 30 сантиметри со дијаметар од 50-65 см.
Идејата на BOSU е при секоја вежба да активирате поголем број мускули во телото на рефлексно и волно ниво додека се обидувате постојано да одржите рамнотежа а притоа да правите одредено движење или да совладувате некаков отпор (ластик тегови, лост). Погоден е за индивидуална и групна работа, а особено е интересен како додаток во традиционалните аеробик форми во улога на дополнителна степ платформа.
Доколку го пробате BOSU со сигурност ќе откриете нова димензија во вашиот тренинг.