Џогингче, тренингче, на минус

Ако сте од оние на кој важбалната им доаѓа претесна во зима, и траките за трчање се со список за закажување. Сигурно нема да се откажете од намерата да направите тренинг и покрај тоа што температурата е кочан.
Ве советуваме да следите неколку базични принципи како подобро да се справите со студот додека тренирате.
Совет 1/Облечете се во 2-3 тенки слоеви, телото генерира топлина при физичка активност па затоа одвишок или преголемата дебелина на слоевите нема да дозволи негово дишење.
Совет 2/Преферирајте синтетички материјал кој ја предаваат а не задржуваат потта од телото, како на пример полипропилен кој воедно и лесно се суши. Заборавете на памукот, сепак да трчате со мокра маица и не е баш пријатно.
Совет 3/Најгорниот заштитен слој, јакна (шушкавец) е клучен за целосна заштита од влага и ветар, уште подобро доколку самата јакна поседува мембрана која ја пропушта потта кон надвор а не дозволува водата да пробие во обратна насока.
Совет 4/Околу 40% до 50 % телесна топлина испарува и се губи преку кожата на главата, така да носењето капа од волна или ткаенина кој дише е задолжително. А доколку не ви е потребен црвен образ, земете си балаклава или маска за скијање.
Совет 5/Доколку трчате на снег, изборот на патики е клучен, прво за да ги сочувате стапалата суви, а второ да ви обезбедат стабилност врз подлогата. Ако има сонце, тогаш понесете наочари одлично ќе ве заштитат од студот и одблесокот на светлина.
Совет 6/Направете лесен стречинг и загревање додека сте сеуште дома, на топло, пијте доволно течности и хидрирајте се и не заборавајте на ракавиците, без нив се би било залудно.