Вести

Највисоката трка со коњи

Хималаите освен што изненадуваат со својата грандиозност, енергија и пејзажи тие ги имаат и своите домаќини кој секогаш ќе ви го задржат вниманието и ќе изнудат насмевка од секого.

Во Горна Долпа на надморска височина од 4 300 метри веќе 8 векови се одржува традиционална трка со коњи на која земаат учество мажи од локалните кланови кој живеат во околните села и монасите од околните манастири.

Повод за целиот настан е фестивалот Shey Dragon на кој се собира локалното население и 50-тина храбри јавачи.

Патеката е долга 1,6 километри и претставува вистински предизвик, начичкана со остри камења и свиоци кои ја прави оваа трка опасна дури за искусните јавачи. Овогодишниот победник е фармерот Тензин Гурунг кој има 23 години.

← Назад кон архивата