Исхрана

B12 преку вегетаријанска паста за заби

127 здрави вегетаријанци на возраст од 18-64 години беа дел од тестирањето кое траеше четири недели, период во кој испитаниците не смееја да консумираат храна богата со витамините B6, B12, фолна киселина или било какви други суплементи.

Испитаниците беа поделени во две групи, при што едната користеше паста за заби збогатена со витаминот B12 а другата користеше обична паста за заби.

Резултатите од крвта покажаа зголемување на овој витамин за 60% кај првата група, а опаѓање за 22% кај втората група.

Во еден грам од Sante пастата за заби има 100 микрограми витамин B12. Со две четкања на ден, внесувате приближно 3,6 микрограми од витаминот дневно,  што е повеќе од препорачаната дневна доза од 2,4 микрограми што секој возрасен треба да ја прима (бремените жени имаат потреба од 2,6 микрограми а доилките од 2,8 микрограми на ден). 

Недостатокот од витаминот B12 може да доведе до анемија, проблеми со срцето, но и да предизвика нарушување на функционирањето на средишниот нервен систем.

 

← Назад кон архивата