Фелпс 12-ти според Askmen

Американскиот пливач освои шест медали на олимписките игри годинава а пливачката кариера ја заврши како светски рекордер со вкупно 22 освоени олимписки медали.
На листата на Askmen , Усаин Болт е највисоко рангиран спортист, но Фелпс е единствениот пливач. Од спортот рангирани се и Жозе Мурињо на 30 место, кошаркарот ЛеБрон Џејмс на 32 место, тенисерот Енди Мари на 33 местo.