Премиера на документарниот филм Виа Динарика – Македoнската Авантура

Мастсидониа, како имплементатор на потпроектот Виа Динарика Северна Македонија и дел од Проектот за Локална и Регионална Конкурентност работи на развивање и промоција на Виа Динарика во Северна Македонија со фокус на локалните заедници и нивниот одржлив развој. Како дел од промотивните активности на проектот е и продукцијата на овој документарен филм.
„Виа Динарика – Македонската Авантура” следи четири лични авантуристички приказни испреплетени на Виа Динарика во Северна Македонија, поврзани меѓусебно преку нивната љубов кон природата, планините, традицијата и нивната страст да го споделат тоа со светот.
Филмот е во режија на Сергеј Георгиев, продуценти се Александар Донев и Самир Љума, директор на фотографија е Самир Љума, за камерата и дронот е одговорен Андреј Ѓорѓиевски а монтажата е на Андреј Ѓорѓиевски и Сергеј Георгиев.